(ВИДЕО) Во Грција пожарот е надвор од контрола
Објавено во: Балкан 27 Јули, 2021
Во Грција пожарот близу Атина е надвор од контрола.
Под планината Пентели, денес изби шумски пожар кој поради силниот ветер се заканува на куќите. Државната телевизија ЕРТ го прекина редовното емитување на програмата и во живо пренесува специјална емисија за пожарот. Гори во должина од неколку километри.
Поради големите суши грчките шуми секое лето ги зафаќаат пожари, а најчесто ги следат силни ветришта.
Во јули 2018 во пожар кој изби во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 102 лица. И тогаш пожарот почна од падините на планината Пентели.
foto EPA-EFE