(ВИДЕО) Во Хрватска автомобил експлодираше во тунел
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2019
Автомобил експлодираше во тунел во Хрватска.
Во тунелот Свети Рок во Лика, се запали автомобил по што следуваше и експлозија и поради тоа тунелот беше затворен во двете насоки.
Хрватскиот автоклуб (ХАК) објави на својата интернет-страница дека пожарот избувнал во насока кон Сплит и дека колони биле формирани во двата правци кои биле долги околу два километри.