(ВИДЕО) Во оваа земја луѓето се продаваат како робови
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2017
Си-Ен-Ен објави видео снимено на непозната локација во Либија на којашто се гледа продажба на двајца мажи.
На видеото може да се слушне аукцијата на која што се нуди цена за купување на робовите, а постигнатата цена е 1.200 либиски динари, што е околу 800 долари.
Едниот од продадените мажи е од Нигерија, а бил понуден во групата „големи и силни момци за работа на фарма“, како што го опишува аукционерот.
По објавувањето на видеото, новинари на Си-Ен-Ен отпатувале за Либија за да се уверат во нејзината веродостојност.
По аукцијата екипата на телевизијата се сретнала со двајцата мажи кои што биле продадени, но биле исплашени и не можеле да зборуваат.
Според Си-Ен-Ен секоја година десетици илјади луѓе стигнуваат до либиската граница обидувајќи се да добијат подобра шанса во Европа.
Видеото на Си-Ен-Ен е предадено на либиските власти кои ветиле дека ќе спроведат истрага.