(ВИДЕО) Во Северна Кореја војници пеат песна со која се величи Радован Караџиќ
Објавено во: Балкан 17 Март, 2019
Се појави видео снимено во Северна Кореја на кое војници пеат песна на српски јазик со која се величи Радован Караџиќ.
Караџиќ е српски психијатар,поет и политичар, прв претседател на Република Српска, па и еден од основачите и прв претседател на Српската демократска партија,во тогашно време демократска партија на Босна и Херцеговина. Роден е на 19 Јуни 1945 година во Петњица, општина Шавник во Црна Гора. Имал три браќа и една сестра: Иванка, Лука, Иван и Радислав. Неговиот татко Вуко бил занаетчија,шивач и чевлар, но исто така свирел и неколку инструменти.
Неговата фамилија влечи потекло од Косово и Метохија, но подоцна се преселиле кон Црна Гора. Основно училиште завршил во Никшиќ. Со свои петнаесет години заминал во Сараево каде што се запишал во средно медицинско училиште, а своето образование го продолжил и на Медицинскиот факултет во Сараево, па потоа специјализирал невропсихијатрија. Дел од своето образование го поминал и во Соединетите Американски Држави.
Избран е за претседател на Република Српска на 12 мај 1992 година и на таа функција останал до 30 јуни 1996 година. Под притисок на тогашните белградски власти и светските лидери, Радован е приморан да го прифати Венс-Овеновиот мировен план на собирот во Атина, кој план подоцна го одбило Народнато собрание на Република Српска.
По три години жалбeна постапака, Жалбениот совет од механизмот за кривични судови во Хаг (наследник на Хашкиот трибунал), во среда на 20 март ќе ја изрече второстепената пресуда против првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.
Караџиќ во март 2016 година, од страна на судскиот совет на Хашкиот трибунал е осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.