(ВИДЕО) Во силниот земјотрес во Турција загинаа најмалку 12 луѓе
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2020
Најмалку 12 загинати и повеќе од 400 повредени има во земјотресот кој ја погоди Турција.
Веста попладнево ја соопшти Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.
Земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала се случи на отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир.
По силниот земјотрес, следеа потреси од 4,9 степени во 13 часот и 5,2 степени во 15.14 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Самос, на само триесетина километри од познатото турско летувалиште Кушадаси.
Потресот е почувствуван и во Грција.
Во Измир се урнаа и згради.