(ВИДЕО) Во Сплит наврнаа 17 литри дожд за помалку од еден час
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2019
Хрватскиот град Сплит го зафати силно невреме проследено со дожд, што предизвика хаос во сообраќајот.
За помалку од еден час паднале 17 литри дожд по квадратен метар, а температурата забележала пад од дури 14 степени – од 36 на 22 степени Целзиусови.
Во некои делови од градот дожд паѓал во многу мали количини, додека пак на други места не паднала ниту една капка.