(ВИДЕО) Во Турција силен земјотрес затрупа луѓе
Објавено во: Балкан 08 Август, 2019
Земјотрес со јачина од 6,5 степени имаше во Турција.
Тој е регистриран денеска во југозападниот турски округ Денизли. Според локални медиуми, при земјотресот се урнати повеќе објекти во кои имало луѓе. Спасувачки тимови веднаш излегле на терен и успеале од урнатините да извлечат повеќе лица кои веднаш се пренесени во болница.
Епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Бозкурт, на длаобочина од седум километри. Засега нема официјални информации за бројот на повредени и евентуално загинати луѓе.
Денеска е регистран земјотрес и во округот Измир, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во 1999 година го имале најстрашниот земјотрес во Мраморно Море. Тогаш земјотресот од 7.4 степени уби 18.000 луѓе.