(ВИДЕО ВО ЖИВО) Безбедносни мерки на највисоко ниво: Путин стигна во Белград
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2019
Рускиот претседател Владимир Путин стигна на белградскиот аеродром Никола Тесла. Го дочека српскиот претседател Александар Вучиќ со почесна гарда.
Путин слетал околу 13,06 часот. Еден час пред авионот во кој се наоѓал Путин, на аеродромот во Белград слетала руска делегација, пренесоа српските медиуми.
Пред официјални разговори на двајцата претседатели ќе се положат венци на Гробиштата на ослободувачите на Белград.
Свечен дочек со државни почести на Путин потоа ќе му биде приреден пред Платата на Србија. Следат разговори, прво во тесен формат, а потоа пленарен состанок на делегациите на Русија и Србија и размена на потпишани билатерални документи во присуство на двајцата лидери.
Фото: б92. Screenshot/RTS