(ВИДЕО ВО ЖИВО) Масовни протести во Солун против компромисот околу спорот со Македонија
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2018
Околу 50 000 луѓе се собраа денес во Солун на протест против секој компромис во спорот со Скопје околу името на Македонија кој би го вклучувал зборот „Македонија“.
Протестот е масовен а меѓу учесниците се и припадници на разни националнистички групи, меѓу кои се и неонацистите од Златна зора.
Последните месеци во Атина и Скопје е искажана подготвеност на компромис и се обвновени преговорите со посредство на ОН и медијаторот Нимиц.
Во живо може да го следите протестот во видеото долу.