(ВИДЕО) Војници во Северна Кореја лежат на стакло додека колегите им кршат бетонски плочи по нивните тела со чекани
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2021
Државните медиуми во Северна Кореја објавија видео на кое се гледа како војниците таму кршат бетонски блокови со глави и раце, и виткаат челични шипки.
Војниците лежат на парчиња стакло и клинци додека други војници кршат бетонски плочи по нивните тела со чекани.
Снимката е направена на претставувањето на одбранбените способности на армијата одржана во Пјонгчанг, а настанот го следеше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Севернокорејските медиуми пишуваат дека настанот е организиран со цел „да им се покаже на непријателите дека војниците имаат железни тупаници со кои го штитат мирот“.