(ВИДЕО) Возеле со 200 км на час по што загинале
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2017
Две момчиња загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи во градот Тузла во БиХ.
Братучедите Енес и Ахмед Муратовиќ кои имаат по 21 година загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи недалеку од Тузла. Со нив во авомобилот во тој момент имало уште едно малолетно момче, кое преживеало, но се здобило со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила кога Пасат управуван од Енес удрил во бетонски објект. На совозачкото седиште седел братучедот Ахмед, а зад нив бил шеснаесет годишникот. На местото на настанот веднаш пристигнала против пожарната служба, а за да ги извадат телата од автомобилот им биле потребни неколку часа.
Ахмед Муратовиќ на само неколку часа пред кобната несреќа поставил видео запис на својот Инстаграм профил на кој се гледа како автомобилот вози со брзина од околу 200 км/час.