(ВИДЕО) ВРЕДАТ МИЛИОНИ А СКАПУВААТ ВО ПУСТИНА: Вака изгледа отпад со луксузни автомобили во Дубаи
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2019
Дубаи секогаш не асоцира, помеѓу другото, на скапоцените автомобили, но сигурно не сте можеле да претпоставите таму дека постои и еден од најголемите авто-отпади за луксузни автомобили на светот.
Ако ви е потребна врата за „ферари“ или можеби шофершајбна за „ламборџини“ , дефинитивно тоа овде може да го најдете.
Тука се наоѓаат и оштетени автомобили, од сите можни марки, така да нема само луксузни возила, туку и „обични“.
Странските медиуми пренесуваат дека во истовреме голем број бизнисмени банкротирале поради финансиската криза, па овие автомобили морале да останат на улиците. Бидејќи Обединетите Арапски Емирати немаат точно дефиниран закон за исплата на долгови кога се работи за овие конкретни возила, голем број се напуштени и тоа со клучеви во брава. Така едно „ферари“ е најдено со клучеви на паркинг во аеродромот во Дубаи.
Во поеднини автомобили уште може да се најдат ситници, приврзоци и други предмети кои им припаѓале на некогашните сопственици.
Повеќето автомобили ќе се најдат на аукција.