(ВИДЕО) „ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА: Повторно има судири во Триполи

Објавено во: Свет 14 Мај, 2025 17:15
Жестоки престрелки и судири има во либискиот главен град Триполи по убиството на водачот на локалната милиција.
Судирите избувнале меѓу вооружени групи во населбите Аин Зара, Рас Хасан и Бин Ашур, според локални извори. Сè уште нема информации за жртви.
„Воената операција во Триполи е успешно завршена по синоќешните судири“, соопшти денеска Министерството за одбрана на Владата на национално единство на Либија.
Според безбедносни извори во престрелките е убиен Абдел Гани ал-Кикли, познат како „Генива“, кој е лидер на моќната фракција на Управата за поддршка на стабилноста (УПС).
Ал-Кикли беше еден од највлијателните водачи на милицијата во главниот град и неодамна беше вклучен во судирите со ривалски вооружени групи, вклучувајќи фракции поврзани со Мисрата.
Неговата организација УПС е под управа на Претседателскиот совет, кој дојде на власт во 2021 година со Владата на национално единство (УНУ) на Абдул Хамид Дбеиба преку процес признат од ОН.Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (UNSMIL) изрази сериозна загриженост во врска со безбедносната состојба во Триполи.
Од 2011 година, Либија е во сериозна криза.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАЈУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

Гроси: Постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во објектот Нетанц

КОЈ Е ПОСИЛЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Еве како се споредуваат армиите на двете сили

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо
