(ВИДЕО) Вучиќ се расплака зборувајќи за бомбардирањето
Објавено во: Балкан 25 Март, 2019
На церемонијата на одбележувањето на 20. години од НАТО бомбардирањето во Србија, која се одржа во Ниш претседателот Александар Вучиќ, во еден момент почна да плаче.
Тој се расплакал во моментот кога му се обраќал на подофицерот Драган Вучковиќ, кој за време на бомбардирањето на Србија ги изгубил двете раце.
„Ви благодарам за вашето херојство и оддаденоста кон татковината“, изјави Вучиќ.Тој во Ниш се обрати на повеќе од 20.000 луѓе, присетувајќи се на страшните денови кои ги доживеа неговата земја.
Српскиот претседател, се заблагодари на Србите на Косово затоа што ги чувале нивните огништа и никому не смеело да му падне на памет да ги протерува.