(ВИДЕО) Вучиќ вели не го опцул Курти, но кажал нешто од што тој замрзнал
Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2021
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека приштинската делегација не сака да ги исполни договорите кои ги потпишале Албанците и не сака да разговара за Заедницата за српски општини.
Објасни дека во следните денови ќе разговара со Србите на Косово и Метохија, за кои сега е поуплашен од што бил, бидејќи увидел кој управува со Приштина – мислејќи на косовскиот премиер Аљбин Курти. Вучиќ истакна дека Србија е спремна да го продолжи дијалогот. На прашањето дали му упатил навреди на Аљбин Курти за време на состанокот, тој кажа дека не пцуел.
„Му одговорив остро, но не ја преминав границата. Човекот дошол да се договара за ништо. Кажа: „Дојдов да те прашам кога ќе го признаеш Косово“. Му кажав: „Никогаш“. И тој се смрзна“, кажа Вучиќ.
На прашањето дали страните за нешто се согласиле, Вучиќ кажа „за ништо“.
foto EPA