(ВИДЕО) Вулканска лава „проголта“ црква на канарскиот остров Ла Палма
Објавено во: Свет 27 Септември, 2021
Лава „проголта“ црква на канарскиот остров Ла Палма. Штети има, но жртви нема.
Повеќе од седум дена реки лава течат од вулканот на шпанскиот остров. Се појави видео на кое се гледа како локалната црква исчезнува во облак од чад и буквално е „проголтана“ од лавата.
Вулканот на островот Ла Палма, еруптираше пред една недела, првпат од 1971 година, поради што што беа евакуирани околу 6.000 луѓе.