(ВИДЕО) За едно деноноќие во Хрватска наврнаа 222 литри дожд на метар квадратен
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2019
Во последните 24 часа во Велика Лука во Хрватска наврнале 222 литри дожд на квадратен метар.
Тоа значи дека само во еден ден наврнало скоро двојно од просечната месечна количина дожд. Тоа покренало бура, а има и поплавени подруми.
Невреме имаше во Сплит и Дубровник. Издаден е црвен метеоаларм, а дожд ќе има ноќеска и утре. Предизвикани се штети. Поради ветрот падна фасада на училиште во Сплит.