(ВИДЕО) За колку се скратува патувањето со автопатот Миладиновци - Штип?
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019
На Фејсбук премиерот Зоран Заев денеска напиша дека патувањето се скратува за 20 до 25 минути со автопатот Миладиновци - Штип.
„Автопатот Миладиновци-Штип е пуштен во употреба. Граѓаните добија безбедно, сигурно и брзо автопатско поврзување на главниот град Скопје со источниот регион, каде времето на возење се скратува за 20 до 25 минути“, напиша Заев.
Тој сподели и видео од автопатот.