(ВИДЕО) ЗАДАР ДЕН ПО ПОПЛАВИТЕ: Оштетена болницата, вода насекаде
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2017
Во Задар, Хрватска 70 екипи од пожарникари и војска ја вадат водата од објектите.
Болницата е оштетена, а вода има насекаде низ градот.
Поради обилните дождови на граѓаните им е укажано ако не мораат, да не излегуваат од дома.
Дел од нив не смеат да ја пијат ниту водата од чешмите.
Водата се вадеше цела ноќ од поплавените објекти.
Сега вода се испумпува од 20 локации во Задар.
Училиштата денеска ќе работат нормално.