19 Април, 2024
0.0286

(ВИДЕО) Заев емотивно се прости од сопартиецот Стојаноски

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Видео: Сител

Македонскиот премиер Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска и неколку министри ја предводеа владината делегација на денешниот погреб на прерано починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

Заев и останатите од делегацијата им изразија сочувство на најблиските на градоначалникот кој беше номиниран од редовите на СДСМ и упатија последен поздрав. Како претставник од Собранието бешер пратеникот Томислав Тунтев, а присутни беа и раководители од општина Охрид.

Од прерано починатиот Јован прв се збогуваше премиерот Зоран Заев, кој истакна дека ненадејната смрт на Стојаноски е загуба за академската заедница, за државата, за партијата СДСМ и за Општина Охрид.

-Низ годините зад нас Јован даде огромен придонес со своето посветено работење, остави траги и предизвикуваше почит што секогаш ќе се паметат. Тој беше колега, пријател и голем професионалец. Како градоначалник беше посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина. Беше препознаван како човек пријател, сограѓанин со топла и непосредна природа, отворен за разговор за секој личен проблем, за секоја иницијатива и предлог почитуваше и разбираше. Неговите постапки и однесувања со одмереност, ненаметливост и внимателност ги споделуваше со сите со кои соработуваше или се среќаваше. Тие вредности правеа од секој негов колега, соработник, пријател и од сите сограѓани во градот и пошироката заедница да му возвражаат на ист начин – со длабока почит, рече меѓу другото Заев.

Комеморативната седница започна точно во 10 часот, а ја означија сирените од бродовите и пловилата на охридската флотила, во чест на починатиот градоначалник Стојаноски.

Посмртните останки на Јован Стојаноски од 12 до 14 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид каде и ќе биде неговото вечно почивалиште.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите