(ВИДЕО) ЗАФРЛЕН ГРАД СТАНА АТРАКЦИЈА: Mраз стигна до куќите
Објавено во: Свет 21 Април, 2017
Малиот и заборавен град Фериленд во Њуфаундленд во Канада преку ноќ стана атракција и градоначалникот се чуди што ќе прави со луѓето кои постојано доаѓаат.
Причина за посетеност се големите мразеви кои поминуваат покрај брегот во овој град.
„Малку сум шокиран од овој наплив, но луѓето ги интересираат вакви работи“ - вели Адријан Каванаг, кој мака мачи да најде сместување за посетителите во овој мал град со тесни улици и 465 жители.
Градоначалникот вели дека глечери од мраз се насукуваат кај брегот и тука остануваат до пролет или лето, но за овој глечер смета дека подолго ќе остане крај Фериленд.