(ВИДЕО) ЗЕМЈАТА ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Две куќи и брод пропаднаа во дупката
Објавено во: Свет 17 Јули, 2017
Огромна дупка се појави во град на Флорида при што „проголта“ две куќи и еден брод, по што жителите мораа да се евакуираат.
На почеток дупката била како мал базен, а потоа почнала да се шири.
Во дупката пропаднала една куќа и бродот кој бил во дворот, а брзо паднала и втората куќа.
Дупката е широка 75 и длабока 15 метри.
Никој не е повреден, а локалните власти со бетон ќе ја санираат дупката.