(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА НАПРАВИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ: Го почувствуваа битолчани, охриѓани, ресенчани
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2019
Aлбански земјотрес од 4.9 степени стресе делови од Македонија.
Епицентарот е во селото Мираса, а регистриран е на длабочина од 25 километри.
Земјотрес со интезитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината.
Во Скопје земјотресот е почувствуван со јачина од 3 степени.
Причинета е голема материјална штета. Минатиот месец имаше земјотрес од 5.6 степени, и земјотрес со ваква јачина немало 30 години.