(ВИДЕО) Жена уништила ново Ферари од 500 илјади фунти веднаш по излегување од салон
Објавено во: Свет 14 Август, 2018
Eдна жена во Кина изгубила контрола над ново Ферари, само неколку секунди откако седнала прв пат зад неговиот волан.
Возачката и патниците поминале со полесни повреди но возилото е целосно уништено, пренесе порталот Unilad.
Ферари 458 чини скоро 500 000 фунти да се купи и увезе во Кина и е уништено откако е извадено од салон.
Црвеното спортско возило се судрило со БМВ , што може да се види и на видеото во прилог.