(ВИДЕО) ЖЕШКА ДЕБАТА: Артан Груби во сред емисија покажува двоглав орел
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во емисијата на ТВ24, покрај ставовите изразени во врска со гласањето за Законот за јазиците и уставните измени на името,при дебатата покажа орел .
Тој го направи тоа откако претходно новинарот го праша што сакаат да покажат лидерот на ДУИ и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со фотографијата објавена на социјалните мрежи и за каква евроинтеграција зборуваат од таа партија притоа објавувајќи фотографии на кои пропагираат национални симболи.
Фотографијата предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи и јавноста.