(ВИДЕО) ЖИВОТ МЕЃУ САНТИ МРАЗ: Пијат најчиста вода и не сакаат ништо друго
Објавено во: Стил 14 Јули, 2017
Најчиста е водата на север меѓу сантите мраз или барем така кажуваат жителите на провинцијата Нанавут на северот од Канада.
Ален Кунелиси за BBC вели дека поради големите санти мраз во каналот многу често не можат да поминат бродови.
Ова место има околу 600 жители и интересно е дека од пописот од 2011 година бројот на жители се намалил.
Секоја година две недели за Божиќ и Нова година одвојуваат време за дочек на посетители.
Ален вели дека сантите мраз изгледаат страшно, посебно кога се распаѓаат.
„Верувам дека тоа е поради климатските промени. Тоа порано не се случуваше, а сега е нормална појава“ - вели тој.
Додава дека со водата од сантите мраз подготвуваат чај.