(ВИДЕО) ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ, БАР, СПАЛНИ СОБИ: Со што уште располага авионот на Владимир Путин?
Објавено во: Свет 17 Јуни, 2021
Спални соби, теретана, бар и златен тоалет. Сето ова го има во авионот на рускиот претседател Владимир Путин. Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со беж кожни фотелји.
Путин внатре има и команден центар што може да го искористи за мобилизирање војници, кои можат да се користат за борбена ситуација доколку претседателот е во воздух. Aвионот чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра).