28 Март, 2024
0.0260

(ВИДЕО) „Жолтите елеци“ претепаа новинар, тој заврши во болница

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Демонстранти во внатрешноста на Франција тепаа новинар. 

На протестите на движењето „Жолтите елеци“ во Франција за прв пат е претепан новинар. Во градот Руен е нападнат новинар на локална телевизија. На снимката што се појави денеска на социјалните мрежи се гледа како група демонстранти го претепуваат новинарот од телевизијата ЛЦИ.

Тој паѓа на тротоарот, а демонстрантите го клоцаат со нозете.


Новинарот е пренесен во болница поради повреди на главата и телото.

Во деветтата сабота од протестите на „Жолти елеци“ учествуваа 84.000 луѓе ширум земјата, од кои 8.000 во Париз, додека 244 лица се приведени. Ова го соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Луѓето кои се уапсени биле насилни или носеле со себе забрането оружје.

Во првите недели од протестите, на крајот на ноември и почетокот на декември, на протестите учествуваа 288.000 лица, пренесуваат француските медиуми.

Помеѓу полицијата и демонстрантите дојде до судир на неколку локации, пришто безбедносните сили употребија солзавец за да поттиснат дел од демонстрантите кои врз нив фрлале камења и други предмети, пренесе „АП“.

Властите распоредија 80.000 припадници на безбедносните сили ширум земјата поради денешните антивладини протести.

Протести имаше и во текот на 2018 година. 

Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија