(ВИДЕО+ФОТО) ДАЛИ БИ ЗАЈМИЛЕ КНИГА: Ова е библиотека во дрво старо сто години
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2019
Мала библиотека е сместена во мртво дрво.
Непрофитна организација, од мртво дрво, направила необична бесплатна библиотека така што книгите се во самото дрво.
Ова е библиотека во Ајдахо во САД, која посебно се истакнува по својата убавина, изградена во декември во дрво старо околу 100 години. Внатре има и струја, а пред самиот влез има и ламба за да им привлекува внимание на минувачите.
Старото стебло е издлабено и опремено со полици, направена е врата, а има и струја, како и скалички за полесно да стигнете во неа.
„Шерали Армитаж Ковард“, на својот Фејсбук профил објави фотографии од библиотеката. Оваа фотографија доби многу позитивни коментари.
Целта е да се промовира поширок пристап до книгата, па така во овој крај настанале мали библиотеки, снабдени токму од луѓето кои живеат таму. Видеото има над половина милион прегледи, а дел од луѓето напишаа дека сакаат да си направат ваква библиотека. Други пак коментираат дека ова е пример како корисно може да се искористи времето.