(ВИДЕО+ФОТО) ХРВАТИТЕ СЕ БОРАТ СО ПОПЛАВИ: Цели села се отсечени
Објавено во: Балкан 19 Март, 2018
Цели села во Хрватска се отсечени, а покрај брегот се поставуваат насипи.
Реката Сава го надмина максимумот од 1970 година, и ги преплави крајбрежните места, при што најкритично е во Јасеновац.
Затворен е и патот
Сисак – Поповача, кој делумно е под вода.
На вонредната седница на кризниот штаб е констатирано дека повеќе куќи се пред поплавување, додека премиерот Андреј Пленковиќ ги посети населените места меѓу
реките Сава и Уна, каде состојбата е најкритична. На помош на жителите е вклучена и војската. Со чамци на жителите на отсечените
села утре ќе им биде поделена вода и храна.