(ВИДЕО+ФОТО) ЌЕ ЗАВРШИ КАКО АТЛАНТИДА: Еве зошто Венеција тоне
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2019
Поплавите во Венеција се одбележани со пораст на морето до 187 цм.
Ова ја надмина страшната плима од 1966 година.
Плимата од 140 и повеќе цм се бележи во текот на зимата.
Оваа историска поплава која потопи 80 отсто од градот, делумно е поради силното невреме во Тиренското Море.
Порано, плимите кои биле доволни да го поплават градот, се случувале многу ретко, на 20 или 30 години.
Но, денес ваквите плими ги има на 5 години или почесто.
Од 10-те најстрашни плими во историјата, дури 5 се случиле во последните две децении.
Венеција е изградена на неколку цм над морското ниво.
До 2050 година, многу приморски градови ќе се соочат со поплави.
фото ЕПА