(ВИДЕО+ФОТО) Кобниот момент на несреќата снимен преку хотелска камера во Будимпешта
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2019
При судир на два туристички бродови во
реката Дунав во Будимпешта најмалку седум лица го загубиле животот а дваесетина
туристи од Јужна Кореја се водат за исчезнати.
Во помалиот брод кој потонал по несреќата имало вкупно 32 патници и двајца членови на екипажот. Седум лица од потонатиот брод биле спасени и тие се наоѓаат во добра здравствена состојба, пренесуваат медиумите од регионот.
Кобниот момент на судирот помеѓу двата туристички бродови бил снимен од хотелска камера во Будимпешта. Несреќата се случила околу 22 часот минатата ноќ, откако обилните дождови довеле до силни струи во Дунав, а бродот потонал во близина на зградата на унгарскиот парламент.
Фото Ројтерс
Видео Időkép