(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Падна фасада на училиште, пожарникарите отстрануваат искршени дрвја
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2019
Невреме ја погоди Хрватска, а островите беа отсечени.
Пожарникарите интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во градот Дубровник и околината. Во Дубровник брзината на ветрот достигна 143 километри на час.
На Јадранската магистрала можни се одрони, а возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.
Слично невреме го погоди и градот Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Невремето предизвика проблеми и за населението во Шибеник, каде наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.
Метеоролозите најавуваат дека слично време ќе има ноќеска и утре. Граѓаните претходно беа повикани да бидат свесни за опасноста и да ги следат најновите временски извештаи. Ова беше соопштено на страната на Град Дубровник. За поголем дел од Хрватска денес е прогласен црвен метеоаларм.