(ВИДЕО+ФОТО) ПРОТЕСТИ ВО АТИНА: Грците извикуваа „убијци“ и го запалија американското знаме
Објавено во: Балкан 16 Април, 2018
Приврзаници на Комунистичката партија на Грција се обидоа да ја урнат статуата на поранешниот американски претседател, Хари Труман на протестите во центарот на Атина против американската воена интервенција во Сирија.
Демонстрантите е собраа на централниот плоштад Синтагма во Атина од каде продолжија кон американската амбасада, извикувајќи пароли против САД.
Веќе трет ден во Атина се организираат протести против воената интервенција на САД во Сирија, на кои учествуваат по 6.000-7.000 луѓе и на кои беше запалено и американското знаме.
Полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Најмалку тројца демонстранти се повредени, а според новинската агенција АНА, најмалку две лица се приведени.
Во протестите учествувале студенти и ученици кои марширале кон американската амбасада во Атина.
Тие со црвена боја испишаа „Американци-убијци на луѓе“, а потоа неуспешно се обидуваа да фрлат боја во дворот на амбасадата.
Students who tried to bring down Harry Truman's statue in Athens, are beaten by police during an anti-war protest. #Greece #Syria pic.twitter.com/k7xFgyKf9v
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) April 16, 2018