(ВИДЕО+ФОТО) ВЕТЕРОТ НОСЕШЕ ПОКРИВИ: Една жртва и повеќе повредени во Франција
Објавено во: Свет 14 Декември, 2019
Во невремето кое ја погоди Франција, има еден загинат и неколку повредени.
Загинал 70-годишен возач на автомобил кој налетал на урнато стебло на патот.
Пет луѓе се повредени на југозападот од земјата, поради силните ветрови што на атлантското крајбрежје се движеа со брзина од 140 километри на час.
Околу 400.000 домови се без електрична енергија.
Силните ветрови го однеле покривот на едно училиште.
Портокалова алертна фаза е прогласена во 23 департмани од југозападот и северот на земјата, како и на Алпите и на Корзика, главно заради силните ветрови и поплавите. Moжно е да има лавина на Алпите.
На кратко во прекин беше железничкиот и поморскиот сообраќај, а имаше и одложување на авионски летови.
фото АП