(ВИДЕО+ФОТО) Залив во Русија стана пустина
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2019
Песочна бура имаше во Русија, при што залив стана пустина, а реката Дон пресуши.
Градот Таганрок е погоден од песочна бура. Во Ростовската област реката Дон и Таганрогскиот Залив станаа плитки.
„Таганрог го покри песок од четири метри. Можеби и повеќе“, вели локален жител, кој објави снимка на социјалните мрежи.
Бродовите се на копно, додека локалните жители ги возат автомобилите како на сафари, пишуваат руските медиуми.
Бурата ја предизвика силен источен и североисточен ветер кој ја турка водата од реката во Азовското Море.
Брегот се помести за скоро 100 метри.
Втор ден по ред жителите на Таганрог мора да носат маски, а многумина се жалат на тешкотии со дишењето. Водата ќе се врати кога ветерот ќе го смени правецот, и тоа најверојатно ќе се случи за една недела.