30 Ноември, 2023
0.0517

Вие придонесувате кон безбедноста и стабилнoста на Западен Балкан - порача Столтенберг при посетата на Скопје

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Република Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО, изјави денеска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

- Вие придонесувате кон безбедноста и стабилнoста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност силидарноста на НАТО на дело - нагласи Столтенберг.

Тој посочи дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.

- Во Бих се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики, и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина. Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство. Белград и Прштина мора да се впуштат во дијалогот којшто е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решението ќе ги почитува правата на сите заедници - порача Столтенберг на прес-конференција во Владата.

Премиерот Ковачевски од своја страна истакна дека Северна Македонија како членка на НАТО продолжува да вложува во јакнење на капациеттите во задржување и јакнење на статусот на сојузник од доверба во Алијансата.

- Како најмлади членки се посветивме и ја постигнавме воената интеграција од било која претходна земја-членка која се приклучила на Алијансата - истакна Ковачевски.

Според него, стабилноста на регионот е исклучително и суштински важно и тоа повеќе од кога било досега.

- Токму затоа наш приоритет е евроинтеграцијата. Пред се на Северна Македонија, но и на регионот. Не смееме да имаме пречки и кочници на тој пат и ќе направиме се што е потребно да го исчекориме до крај, се до нашето членство во ЕУ во 2030 година - рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО во Владата. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Условна казна и 300 евра глоба за кавадарчанец кој отрул куче

Условна казна и 300 евра глоба за кавадарчанец кој отрул куче

МАКЕДОНИЈА МИСЛИ ГЛОБАЛНО, САМО ДИЈАЛОГОТ НОСИ РЕЗУЛТАТИ: Спасовски за српска „Политика“

МАКЕДОНИЈА МИСЛИ ГЛОБАЛНО, САМО ДИЈАЛОГОТ НОСИ РЕЗУЛТАТИ: Спасовски за српска „Политика“

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, ама прво да заврши со предавањето

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, ама прво да заврши со предавањето

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите