29 Март, 2024
0.0435

Виенска шницла и француски кроасани за 100 денари во Градски парк

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го најавуваат третото издание на  јавниот хепенинг, т.н. Светски пикник, кој ќе биде отворен за сите посетители.

-По големиот успех од минатогодишните изданија на Светскиот пикник, продолжуваме да ја одржуваме идејата за промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија по пат на неформално дружење и претставување на културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни, како и другите културни обележја – истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори.

Се очекува на овогодишното издание на Светскиот пикник граѓаните да вкусат карактеристични рецепти од над десетина различни земји од каде што потекнуваат странските инвеститори – членови на Советот и тоа од: Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Франција, Холандија, Хрватска, САД, Словенија, Турција и Швајцарија, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Настанот се одржува третпат, а целта е презентирање на културата на земјите чии компании се членки на Советот на странски инвеститори. Посетителите ќе имаат можност за 100 денари да дегустираат некој од националните специјалитети: виенска шницла, француски кроасани, турски донер, грчко гиро,… Освен што ќе биде забавен, настанот, рече Петер, има и хуманитарен карактер. Сите средства ќе бидат донирани во народни кујни.

Претседателот на Советот апелира граѓаните да го посетат „пикникот“ независно од временските услови.

На првиот „Светски пикник“ во 2016 година имало преку 2.000 посетители.

Македонската јавност - граѓаните и претставниците на бизнис заедницата кои ќе присуствуваат на Светскиот пикник покрај можноста да се запознаат со различните вкусови на интернационалните кујни ќе уживаат во музиката на годинешните  претставници на Евровизија – музичкиот бенд Eye Cue, а настанот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца. 

Настанот ќе се одржи на 24 јуни 2018 година (недела) во Градскиот парк во Скопје, зад споменикот Гоце Делчев, со почеток во 12 часот.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија