18 Април, 2024
0.0294

ВИКЕНД БРИФ: Џинот „Макпетрол“ се разбуди, Кои брат и сестра ќе делат безмалку 400.000 евра од дивиденда?

Објавено во: Економија 16 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Вложувањата во акцијата на „Макпетрол“ добија реална основа. Компанијата има извонреден раст на приходот од продажба и речиси тројно повисока добивка од 2017 година.

Секоја акција на „Макпетрол“ носи профит од 125 евра, колкава ќе биде дивидендата?

„Макпетрол“ ги израдува своите акционери! Најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати лани оствари вкупна сеопфатна добивка од 14 милиони евра што е три пати поголема од профитот остварен во 2017 година. Нето добивката на компанијата лани е 12,6 милиони евра и е два и пол пати поголема од добивката остварена во 2017 година. Секоја акција на „Макпетрол“ носи добивка од 125 евра. Сега веќе на реална основа се зголемуваат апетитите на акционерите за поголема добивка од тоа што беше распределено лани како добивка од работењето во 2017 година.

Банкарите рушат рекорди со заработките: Еве колку инкасираа од камати, а колку од провизии

Фактор го анализира билансот на успех за сите банки, а анализата покажува дека банките лани срушија нов рекорд по остварената добивка. Имено за цела година банките во земјава имаат добивка по оданочување од 135,8 милиони евра. Ова добивка е за дури над 27 проценти повисока од остварената во 2017 година кога банките прикажаа позитивен финансиски резултат од 106,5 милиони евра.

Брат и сестра ќе делат безмалку 400.000 евра од дивиденда, кои се тие?

По предлогот за исплата на дивиденда во „Реплек“ која изнесува 3.998 денари нето по акција братот и сестрата Туџарови ќе добијат околу 400.000 евра дивиденда за нивните 23 отсто акции во оваа реномираната македонска компанија што се занимава со трговија со фармацевтски производи и медицинска опрема

„Реплек“ ќе исплати 2 милиони евра дивиденда (со вклучен персонален данок) на своите акционери, пишува во предлог одлуката што ќе ја гласаат акционерите на претстојното акционерско собрание на таа компанија закажано за 8 април годинава.

Кој бизнисмен пријави бруто годишна плата од 1,12 милиони евра?

Фатмир Етеми, управител на градежната фирма „ЗФС КОМ“ ДООЕЛ лани остварил бруто лични примања од работа во износ од 1,12 милиони евра, податоците се достапни во годишниот извештај на „Комерцијална банка“, чиј член на Надзорен одбор е Етеми

Фатмир Етеми, управител на градежната компанија „ЗФС КОМ“ ДООЕЛ лани остварил бруто приход од материјалните надоместоци и други права од договори за работа во износ од 1,12 милиони евра, ова се официјални податоци јавно достапни во годишниот извештај на „Комерцијална банка“ објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб