23 Октомври, 2019
0.0206

ВИКЕНД БРИФ: Јанева повторно ќе дава исказ - Трамп одобри распоредување на трупите

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2019

* Јанева повторно на распит пред Русковска

Адвокатот на разрешената специјална обвинителка Катица Јанева, во интервју за „360 степени“, откри дека поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство повторно е повикана на распит кај Обвинителката Вилма Русковска. Јанева во вторник, повторно ќе дава исказ пред обвинителството.

* Биле прибавени на нелегален начин: Фрчкоска ќе ги спори видео материјалите на Камчев

„ Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, истакна адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“.

Адвокатката, исто така истакна дека најверојатно ќе бара идзвојување на видео снимките од предметот, бидејќи според неа се прибавени на нелегален начин.

* Трамп го одобри распоредувањето на трупите во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри распоредувањето на американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати по нападот врз саудиските нафтени објекти.
Според Ројтерс, целта на распоредувањето на американските трупи е одбранбена природа, и тие првенствено ќе се фокусираат на воздушната одбрана и ракетата одбрана, соопшти Пентагон, а пренесе Танјуг.

Секретарот за одбрана Марк Еспер го нарече овој потег „природна одбрана“.
Постојат планови да се зголеми бројот на војниците, како и да се испратат борбени авиони и дополнително оружје до Саудиска Арабија.

* Зафир: Новите санкции се знак на американски очај

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, ги осуди повторените санкции на САД против централната банка на земјата, како обид да се одрече од иранците пристап до храна и лекови, нарекувајќи го овој потег знак на „американски очај“.

Џавад Зариф изјави дека кога постојано се санкционира од истата институција, тоа значи и дека неуспешниот обид на Соединетите држави да ја донесат иранската нација на колена со максимален притисок.
„Но, ова е опасно и неприфатливо како обид да се блокира пристапот до храна и лекови за иранскиот народ“, рече Зариф по пристигнувањето во Њујорк на годишнината од Генералното собрание на ООН.



Можеби ќе ве интересира

ДЕСТИНАЦИИ НА LONELY PLANET ЗА 2020: Македонија се најде на трето место

ДЕСТИНАЦИИ НА LONELY PLANET ЗА 2020: Македонија се најде на трето место

Маж е тешко повреден откако паднал од зграда во Аеродром

Маж е тешко повреден откако паднал од зграда во Аеродром

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ: Може ли таа да смени нешто за Македонија?

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ: Може ли таа да смени нешто за Македонија?

Може ли јавен обвинител да се избира на непосредни избори?

Може ли јавен обвинител да се избира на непосредни избори?

Заев: Јас ќе бидам премиер, техничкиот ќе биде познат на крајот на декември

Заев: Јас ќе бидам премиер, техничкиот ќе биде познат на крајот на декември

Мицкоски: Заев тргуваше со свети работи, а за возврат не доби ништо

Мицкоски: Заев тргуваше со свети работи, а за возврат не доби ништо

Груби: Али Ахмети го убеди Заев да не дава оставка

Груби: Али Ахмети го убеди Заев да не дава оставка

Ѓорѓе Иванов: Наша обврска е да го следиме нивниот пат

Ѓорѓе Иванов: Наша обврска е да го следиме нивниот пат

Мебел на Јанева и Јовановски во депото на Агенцијата за управување со одземен имот

Мебел на Јанева и Јовановски во депото на Агенцијата за управување со одземен имот