19 Април, 2024
0.0258

ВИКЕНД БРИФ: Нов закон за Јавно обвинителство - Праските се откупуваат непречено

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

*Помлад обвинител може да седне во фотелјата на новото СЈО

Според новиот предлог закон за јавното обвинителство за гонење на организиран криминал  и висока корупција за шеф на оваа обвинителство ќе може да конкурираат и помлади обвинители.

Министерството за правда го објави предлог законот и деталите за новиот закон, во него пишува дека за јавен обвинител на новото Јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку 6 години како јавен обвинител до моментот на пријавување за именување и кој е оценет со позитивна оценка во последните три години. Исто така во предлог законот пишува и дека изборот на овој обвинител ќе го врши Советот на јавните обвинители.

* ДИМКОВСКИ: Досега се извезени околу две илјади тони праски кон Русија

Оној кој има добар квалитет нема никаков проблем со праската, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Според него, откупот на праски тече без никакви проблеми, надминати биле сите проблеми со Русија, па годинава, министерот очекува извозот кон таа држава да биде успешен. Последните податоци покажуваат дека досега извезени се 1.500 до 2.000 тони праска кон Русија.

* Власта и опозицијата во Косово со поддршка за Харадинај

Претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, рече дека жали што добил вести за оставката на Рамуш Харадинај и сведочењето што косовскиот премиер го примил во својство на осомничен пред Специјалниот суд за Косово. Сличен став даде и претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа.

Весели, кој е и претседател на владејачката Демократска партија на Косово, пишува на Фејсбук дека од медиумите дознал за повикот на Специјалниот суд како и за оставката на Рамуш Харадинај.

* ОД СТОЈАКОВО ДО КИНА: Двајца Македонци нашето знаме го развиорија на Кинескиот ѕид

Двајца Македонци од селото Стојаково, Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев  се одлучија за еден необичен и несекојдневен потег. 

Тие тргнаа на пат за Кина и нивна крајна цел беше македонското знаме да го развиорат на кинескиот ѕид. Во тоа успејаа вчера.  Со 40 годишно „рено 4“ на пат се 20 дена, а сега ги чека патот за назад. Поминаа низ Србија, Романија, Украина, Русија, Монголија и Кина. Попат имале позитивни и негативни искуства, многу згоди и незгоди, за што своите фанови ги информираа на социјалните мрежи. 


* ПИВОФЕСТ ПРИЛЕП: Подметната бомба во кафуле

Неколку минути пред полноќ во кафе бар во Прилеп била подметната бомба.

Од Министерството за внатрешни работи по вештачењето на бомбата информираа дека се работи за школска бомба во која немало експлозивно полнење.

Припадници на одделението за антитерористичка заштита ја подигнало бомбата, ја обезбедиле и била испратена на вештачење, соопштија од Јавното обвинителство.

Исто така од МВР, соопштија дека нема повредени лица, ниту е причинета материјална штета.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?