26 Април, 2024
0.0675

ВИКЕНД МЕДИА ФЕСТИВАЛ БЕЗ ЕДНОКРАТНА ПЛАСТИКА

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

На дванаесеттото издание на најголемиот Фестивал за комуникациската индустрија во Регионот кој се одржува од 19. до 22. септември во Ровињ, за прв пат ќе се користат посебно дизајнирани чаши за повеќекратна употреба со цел да се намали користењетои фрлањето на пластиката за еднократна употреба. На чашите, покрај логото на Фестивалот, ќе биде отпечатена и соодветна порака како со нивно користење ја чуваме планетата. По користењето, посетителите ќе можат да ја понесат чашата со себе како дополнителен сувенир од најдобриот “Викенд Медиа Фестивал“ во годината.


“Викенд Медиа Фестивал од секогаш 'размислува зелено, а тоа може да се види и од визуелниот идентитет и уредувањето на самиот фестивалски простор. Екологијата не ја сметаме само за тренд, туку и за стил на живот. Преку Фестивалот на кој нема да има пластика за еднократна употреба, сакаме да ја подигнеме свеста за екологијата и нејзиното значење, и воедно да се грижиме за природата колку што можеме“, истакна Томо Рицов, Директор на „Викенд Медиа Фестивал“.

Чашите за повеќекратна употреба ќе може да се земат од шанковите сместени во рамки на фестивалскиот комплекс во Старата фабрика за тутун во Ровињ. Посетителите, своите чаши ќе може да ги понесат со себе, но и да ги остават на однапред одредени пунктови.


Овогодишниот “Викенд Медиа Фестивал“ ќе обедини повеќе од 150 предавачи и панелисти, а овие три дена, повеќе од 5.000 учесници од сите земји во Регионот ќе можат да уживаат во богатата фестивалска програма која ќе се одржи на пет паралелни локации во рамки на Старата фабрика за тутун во Ровињ. Оваа година новина е “Викенд Мастерклас“ кој во најпрестижниот хрватски хотел, Гранд Парк Хотел Ровињ, го носи легендарниот управител на “Tag Heuer“и “Hublot“, Жан-Клод Бивер(Jean-Claude Biver). Тој, во четврток на 12. септември во 11 часот, ќе ги открие тајните на водењетона луксузни брендови и со ова ќе ја отвори овогодишната програма на Фестивалот.

Сите актуелни медиумски теми, како детали за интересните предавачи и стручни лица кои ќе учествуваат на овогодишниот Викенд Медиа Фестивал можете да погледнете во деталната програма на официјалната страна на фестивалот.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет