20 Април, 2024
0.0271

Виктор Мизо кажа како до повисоки плати во зоните

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Платите се директно поврзани со продуктивноста, да се види состојбата на пазарот на труд и ние не треба да се гледаме како изолирана држава, туку да ги гледаме и конкурентите, изјави Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство вечерва во Топ тема на Телма во однос на платите кои странските компании ги даваат на нашите работници. 

Вели дека ние 15 до 20 години сме тапкале во место и сме имале деиндустријализација. 

„Ние треба да вложиме во обука на персонал. Но, истовремено треба да земете во обзир кој е менталитетот на нашиот народ. Мобилноста кај нас е скоро непостоечка. Зборувам за миграција од град во друг град поради работа“, вели Мизо. 

Тој го поставува прашањето дали ние имаме квалификуван кадар за одредени позиции. Вели дека дел од кадрите треба да се обучуваат 6 месеци за да бидат подготвени за работа. Мизо рече дека мора да бидеме конкурентни за да имаме повисоки плати. 

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ вечерва на Топ тема на Телма изјави дека за година дена ќе зборуваме дека домашните компании го зголемиле својот потенцијал и извезуваат повеќе. Вели дека позитивен исход од мерките секако ќе има. 

„Ајде да направиме 10,15, 20 проекти и потоа да ги видиме ефектите“, рече Деспотовски. 

Бројките покажаа дека во зоните работниците земаат плати пониски од државниот просек. Деспотовски вели дека луѓето не би отишле да работат во Охрид за повисока плата, а мобилноста за споредба во Европа е широко распространета. 

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?