25 Април, 2024
0.0290

Виктор Орбан: Фидес може да се повлече од Европската народна партија

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владејачката партија на Унгарија, Фидес, може да се повлече од групата на централно-десничарски партии во Европа, откако беше суспендирана и не учествуваше на неодамнешниот дводневен конгрес на ЕПП во Загрев, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Европската народна партија го суспендираше учеството на Фидес, во услови на загриженост во врска со популистичките анти-имиграциони кампањи на Орбан и ерозијата на владеењето на правото, слободата на медиумите и малцинските права за време на мандатот на Орбан. 

ЕПП соопшти дека ќе испрати комитет на „мудри луѓе“ за да ја испитаат ситуацијата во Унгарија и да одлучат дали да ги задржат Фидес по јануари, кога завршува суспензијата на владеачката партија на Орбан.

- Очекуваме ЕПП да зборува отворено за своите ставови и планови, а потоа ќе одлучиме. Прашањето е дали новиот претседател (на ЕПП) може да ја запре оваа промена кон лево. Ако можеме, имаме заедничка иднина. Ако не, треба да изградиме друга политичка заедница, рече Орбан.

Тој мислеше на Доналд Туск, новоименуваниот претседател на ЕПП. токму од неговиоте одлуки и ставови во иднина ќе зависи членството на Фидес во ЕПП.

- Мораме да ставиме точка на тоа. Во политичка битка, вистината и пристојноста не можат да бидат целосно незаштитени од лажни вести, манипулации и омраза. Ние нема да ги жртвуваме вредностите како што се граѓанските слободи, владеењето на правото и достоинството на јавниот живот на олтарот на безбедноста и редот. Секој што не може да го прифати ова, се става себеси де факто надвор од нашето семејство, рече Туск во Загрев.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек