25 Април, 2024
0.0279

Викторија Маринова од Русе- новинарка убиена поради истрага, или ... од бес?

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Продолжува истрагата за сурово убиената 30-годишна новинарка од Русе. Властите работат на сите верзии. Не е исклучено убиството на Викторија Маринова да е поврзано со нејзината работа. Во моментов, сепак, сè уште нема притворени и осомничени, пренесуваат бугарските медиуми.

Телото на новинарката од Русе беше пронајдено вчера. Викторија Маринова била брутално претепана и силувана, а потоа задушена. Жената била и административен директор на Русе ТВ.

Во единствената епизода на емисијата „Детектор“, која неодамна ја презеде Викторија, новинарката зборува за корупција и злоупотреба на фондовите на ЕУ. 

Во моментов нема доволно докази за да потврдат дека грозоморното дело е извршено поради епизоди на емисијата, но верзијата не се исклучува од истражните органи.

"Новинарката водела магазинска емисија претходно. Сегашната емисија „Детектор“ ја преземала неодамна и има само една епизода. Во прва епизода на преносот не се зборува за злоупотреби и слично, а има само интервјуа на уапсените новинари од друг случај“, објасни Богдана Лазарова во утринската емисија

Според неа, најдено е многу ДНК, што укажува на тоа дека криминалот не бил извршен од страна на искусен убиец.

„Опасно е да си државјанин кај нас. Опасно е и да си новинар. Во новинарската професија има доста голема самоцензура. Оваа агресија и она што го гледаме, се предизвикани од чувството за неказнивост. Затворите се полни, но со Роми и ограбувачи“ изјавила новинарката.

Според новинарот Стефан Ташев не треба да се издаваат пресуди однапред и општеството да се прилагодува против одредени луѓе.

„И јас не се согласувам со пишувањата на Facebook дека оваа трагедија е факт поради истрагите на убиената. Не треба партиите да прават слични протести. Убиството е извршено со многу бес. Соодветно имало некаков лично однос. Не треба да се манипулира јавното мислење“ тврди Ташев .

Тој додава дека верува и се надева дека во наредните денови Министерството за внатрешни работи ќе ја заврши својата работа и ќе се открие убиството.


Фото: Фејсбук профил на убиената новинарка

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци