29 Март, 2024
0.0251

Винарија Стоби ја одбележа десетгодишнината на успешен македонски бренд

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Винаријата Стоби го одбележа големиот македонски празник Св. Трифун и својот јубилеј 10 години од постоењето во присуство на своите пријатели од бизнис, политичкиот, дипломатскиот и јавниот живот. Сите заедно го закроија лозјето и наздравија од срце.


„Нашиот бренд Стоби, во периодот од 10 години, стана вино со препознатлив квалитет коe се пласира на повеќе континенти. Со гордост можеме да кажеме дека ги освоивме Кина, САД, Русија и Европа. Горди сме на нашите награди и пофалници од реномирани вински критичари а тоа нам ни претставува предизвик за натамошни успеси, благодарение на целиот тим“ вели Минчо Јорданов, сопственик на винарија Стоби.

Изминататите години винарија Стоби зема учество на сите реномирани саеми и освои награди и признанија на светски натпревари. Само лани, Стоби освои највисоки признанија на престижните интернационални натпревари Мундус вини во Германија и Вино Љубљана во Словенија. Вината на Стоби добија високи препораки од реномираните светски вински критичари во рецензиите објавени во Вашинготн пост и во винскиот магазин Wine Advocate.


„Ние како винарија постојано ги следиме светските трендови, ги задоволуваме вкусовите на сите потрошувачи. Со тоа сме конкурентни и на светскот пазар со широка палета на производи на вина. Континурино вложуваме во иновации со цел да произведеме вина кои се премиум, класик, елитни или традиционални кои ќе ги задоволи сите вкусови и сетила на секој потрошувач. Винарија Стоби е фамилијарен бизнис благодарение на мојот татко Минчо Јорданов“ додава Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.


Стоби е модерно конципирана македонска винарница во Градско со свој ресторан, која годишно произведува 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кои 70% се извезува на пазарите во други земји.



Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија