24 Април, 2024
0.0281

Фестивал на младо вино во „Тиквеш“

Вината од рекордната берба за „Тиквеш“ имаат одличен потенцијал за нови големи успеси

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Голем број љубители на виното од земјава и регионот, претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот и медиумите, јавни личности, како и соработници и пријатели на Винарската визба „Тиквеш“ имаа можност за првпат да го пробааат младото вино од годинешната берба која за „Тиквеш“ беше рекордна и изнесуваше над 28 милиони килограми грозје.

Традиционално, и на годинешниот, деветти по ред, Фестивал на младо вино, „Тиквеш“ ги претстави своите млади вина кои според првичните оценки на енолозите и присутните вински ентузијасти, се извонредни и имаат одличен потенцијал да освојат многу нови медали, признанија и високи оценки на реномирани светски вински натпревари и со тоа да го потврдат и надминат успехот од минатите години.

Покрај веќе докажаните вински ѕвезди, на годинешниот Фестивал, за првпат беше претставен и новитет во палетата врвни винана „Тиквеш“. Тоае црвеното вино од првата берба на грозје од сортата сира (Shiraz), кое пред четири години беше насадено на лозјата на локалитетот Лепово.

Следејќи ја определбата за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ и оваа година им овозможи на сите посетители на Фестивалот да донираат средства кои ќе бидат искористени за поддршка на иницијативата на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ и нивниот проект за основање на првото бесплатно училиште за музика и уметности наменето за деца од семејства изложени на социјален ризик. Конкретно, проектот наречен „Гитара, дирки и свирки“ ќе нуди бесплатни часови за децата кои потекнуваат од вакви семејства, за да можат да го искористат и доразвијат својот креативен потенцијал, талент и афинитети. За возврат, на сите посетители кои ќе донираат за ова хумана цел, „Тиквеш“ ќе им даде подарок – шише младо вино.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ е прв и единствен од ваков вид во нашата земјаи има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји производители на вино.

„Тиквеш“ оди интернационално – купи винарница во Франција

На годинешниот настан посветен на младото вино, претседателот на УО на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, ја објави и веста дека „Тиквеш“ ја финализираше процедурата за аквизиција на француската винарница Chateau de Gourdon во областа Cote Du Rhone. Ваквиот исклучително значаен чекор е дел од развојната стратегија на најголемата македонска винарница за зацврстување на нејзината меѓународната позиција како производител на врвни вина.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка