16 Април, 2024
0.0253

Вип за сите љубители на модерните танци!-Бесплатни часови преку караванот на танчерската група Beatrix Crew

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Вип ја продолжува успешната соработка со студиото за модерни танци Beatrix Crew и со големо задоволство ja најавува поддршката на танцовиот караван кој ќе обиколи неколку градови низ земјата.

Под мотото “Фати го ритамот на летото со Вип и Beatrix” караванот започнува денеска попладне на главниот плоштад во Куманово и ќе продолжи во наредните денови на плоштадите низ градовите Штип, Струмица, Битола, Охрид и Струга.

Под водство на искусните инструктори на Beatrix Crew бесплатните танцови работилници ќе бидат отворени за сите љубители на модерниот танц и на хип хоп ритамот. Танчерите од Betarix Crew ќе се потрудат на овие работилници да го пренесат своето знаење и искуство на сите заинтересирани што претставува одлична можност за сите учесници да се забавуваат и да научат нови танчерски движења.

“Обезбедувањето повеќе вредност е главното ветување на Вип кон корисниците, но и кон заедницата и кон уметноста. Убедени сме дека не само љубителите на модерниот танц туку и сите жители во градовите низ кои ќе мине караванот ќе се забавуваат и ќе уживаат во впечатливата кореографија и неуморната енергија на инструкторите од Beatrix Crew со што нашата мисија за унапредување на уметноста ќе продолжи успешно да живее”, изјави Емилија Зографска, Оддел за корпоративни комуникации.

Beatrix Crew е носител на три награди во категоријата Urban Dance Styles на Светското првенство во модерни танци што се одржа во јуни годинава, со што го постигна најдобириот пласман на Македонија досега. Неодамна беше реализирана соработката со Вип со што членовите беа делодновиот ТВ спот за Vip Припејд промоцијата – бесплатни Viber пораки цело лето.


Можеби ќе ве интересира

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот