Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2021
Новиот т.н.
британски сој на корона вирусот иако го има и во Германија, вирусологот Андреј
Трамуж од Берлинската клиничка болница вели дека сè уште не е
доминантен, но дека брзо се
шири во Германија, затоа и се
заострени рестриктивните мерки.
-Знаеме дека е позаразен за 35 проценти. Во Берлин, имаме болница која е во целосен карантин со сите 2.000 вработени, бидејќи има околу 30 заразени во целата клиника. Новиот вирус не е поопасен, клиничката слика е иста, едноставно се шири побрзо и ако се шири побрзо, тогаш ќе има поголем број заразени, како постари, така и помлади луѓе. Тогаш болниците ќе бидат полни и со помлади луѓе кои исто така ќе умрат од тоа, вели вирусологот Трамуж за ТВ Прва.
Смета дека единствено вакцината ќе придонесе за враќање на нормалниот живот.
ФОТО/HRW