Вишковиќ вели Балканот е буре барут, но можни ли се нови конфликти?
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2019
Балканот е буре барут, вели премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ.
Но, тој се надева дека меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Русија како клучен фактор на светската политичка сцена, нема да дозволи никаков вооружен конфликт во регионот.
„Балканот е буре барут и ова не е новина, туку ги одразува долготрајните тенденции во регионот. Сите настани во БиХ – терористички закани и миграциската криза, како и со Косово и слично – сето тоа ја потврдува тезата за Балканот како баре барут“, изјави Вишковиќ за „Рускаја газета”.
Тој додаде дека се надева дека на Балканот повторно нема да има крвопролевање, затоа што тоа никому нема да биде од корист, туку ќе донесе само страдање.
Вишковиќ е убеден дека конфликтот во регионот не може да им користи на геополитичките сили, туку само да им нанесе штета.